Донарума по мечот со Аталанта веќе се збогувал со играчите на Милан!?

586

Италијанските медиуми откриваат детали во соблекувалната на Милан, по натпреварот со Аталанта во кој „росонерите“ обезбедија пласман во Лигата на шампионите.

Пишуваат дека првиот голман на екипата, Џанлуиџи Донарума веќе се поздравил со соиграчите од Милан, и со тоа најавил дека сигурно заминува.

Дека Донарума следната сезона нема да биде дел од Милан, говори фактот што утрово голманот на Лил, Мањан, дошол на преговори во Милано за да потпише со „росонерите“.

Донарума е блиску до трансфер во Јувентус, а од Шчесни од Торино веројатно ќе се пресели во Дортмунд.

ПретходноОд Австралија дојде момче ПЛАНИНА – со срце за Македонија!
Следно„Лозари“ преку видео-бим во Кавадарци, ќе навиваат за Тиквеш (ВИДЕО)