Откако ја освои титулата со тимот на Лил во Франција, 26. годишниот голман на овој тим Мајк Мањан се качи на авион и денеска е веќе во Милано каде што потпишува договор со тимот на Милан.
„Росонерите“ за негов трансфер платија неверојатни 13 милиони евра плус бонуси, што за шампионски голман кој сезонава 21. пат одбрани „чиста“ мрежа е навистина неверојатно.
Мањан потпишува до 2026 година за 2.8 милиони евра по сезона, а во моментов е „само“ резерва на Џиџи Донарума. Тој пак сеуште не знае дали ќе остане во Милан, затоа што финансиските побарувања кои ги има тој но и неговиот агент Мино Раиола се мегаломански.
🚨🚨 Mike Maignan arrives for his Milan medicalpic.twitter.com/WbVpcwn9Jj
— Milan Eye (@MilanEye) May 25, 2021