Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, вечерва ги негираше наводите дека разговарал со Серхио Консеисао за преземање на тимот. Де лаурентис вели дека новиот тренер „веќе е пронајден“, а медиумите откриваат дека тоа наводно е Лучијано Спалети.
Џенаро Гатузо денес потпиша договор со Фиорентина по разделбата со „наполитанците“ во заедничка согласност. Имаше гласини дека тренерот на Порто, Консеисао бил на разговор со првиот човек на Напоили, но тој денеска демантираше.
„Тоа е лага. Наполи веќе го најде новиот тренер и ќе го објавиме следната недела”, изјавил Де лаурентис за португалските медиуми.