КАКВА СЕНЗАЦИЈА. Кавадарци слави. По цели 17 години Тиквеш е прволигаш. Тиквеш го победи Силекс во баражот со 1:0, со голот на Спахиу во 55.минута. И заслужено, Тиквеш беше подобар во овој бараж дуел. Имаше повеќе шанси, и ова е слатка одмазда за поразот од пред две години во Ѓорче, кога тогаш Силекс победи во баражот.
Сега Силекс ќе игра во Втора лига -запад, и ќе игра во Европа.
Во вториот бараж, кој се играше на ФФМ ќе има пенали, Охрид двапати водеше, Ренова двапати израмнуваше.