Атлетико Мадрид ја освои титулата во Ла Лига, а еден од најдобрите фудбалери оваа сезона беше Луис Суарез.
Искусниот напаѓач постигна 21 погодок на 32. меча, го водеше својот тим до пехарот. Во клубот пристигна минатото лето за седум милиони евра, откако Барселона се откажа од него по одлука на Роналд Куман.
Суарез беше толку мотивиран, по освојувањето на титулата призна дека каталонскиот гигант не го сакал во својот состав. За својата ѕвезда по мечот во неделата зборуваше и Диего Симеоне.
Барса го отпиша, а Атлетико Мадрид веднаш го зама.
„Ми се јавија од клубот ме прашаа дали го сакам Луис Суарез. Почнав да се смеам и ги прашав: Дали сте сериозни? Одиме лудачки по него. Дозволете ми да го поварам“, рече тренерот на Атлетико Мадрид.
Суарез во вчера потврди дека ќе игра уште една сезона во овој клуб.