Шкупи објави, добредојде Блертон Шеји

337

Тимот на Шкупи предмалку и официјално објави дека на Чаир пристигнува еден од најдобрите млади фудбалери во Македонија Блертон Шеји.

Досегашниот член на тимот на Струга Трим Љум преминува во Шкупи за сума од 70.000 евра која за Македонски фудбалски услови е и тоа како висока.

Македонскиот младински репрезентативец е дел од новиот бран засилувања на Чаир кој тимот од Шкупи би требало да го направат уште посилен за следната сезона, и нормално да го оправдаат епитетот претендент за шампионската титула.

 

ПретходноПокетино повторно фаворит за клупата на Тотенхем
СледноВелкоски за нападот од навивачите на Сараево: Немаше ништо страшно