Ибра имал акции во обложувалница на Малта, УЕФА и ФИФА го казнија, но и му се заканија со суспензија

358

Златан Ибрахимовиќ е казнет со околу 43.000 фунти затоа што имал финансиски удел во обложувалница, прекршувајќи ги прописите на УЕФА.

39-годишниот голгетер на Милан, исто така мора да се повлече од сопствеништвото во компанијата за игри на среќа со седиште во Малта, Бетхард, откако беше откриено дека тој, односно негова компанија, поседува 10% од акциите.

И покрај паричната казна, Ибрахимовиќ, можно е да се соочи со суспензија дури и до 3 години, затоа што ниту ФИФА, ниту УЕФА не дозволуваат играчи кои се натпреваруваат во нивните натпреварувања да имаат финансиски интереси во компании за коцкање.

ПретходноМалдини потврди: Тешко е да се прифати, но Донарума си оди
СледноМарко Дмитровиќ е нов голман на Севиља