Македонската фудбалска репрезентација денеска почнува со подготовките за историскиот настап на ЕУРО 2021. На стартот селекторот, Игор Ангеловски нема да смета на Горан Пандев и Аријан Адеми, кои добија дополнителен одмор, а подоцна ќе се приклучи и Стефан Ристовски.
Во меѓувреме пред стартот на тренинзите, од Шпанија дојдоа загрижувачки вести. Двајцата фудбалери на Леванте, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди се позитивни на Ковид-19. Засега не се откриваат имињата.
Нашите момци треба наскоро да ги добијат резултатите од Ковид-тестовите, се надеваме дека со Барди се е во најдобар ред и тој ќе биде во стројот од стартот на мисијата – ЕУРО 2021.