Големиот шпански напаѓач Фернандо Торес објави дека се враќа на фудбалските терени. Во мистериозна порака на Инстаграм, 37-годишниот Торес го објави кам-бекот но не даде и информација околу новиот клуб и од каде е. Само соопшти дека детали ќе соопшти во петок.
Торес ја прекина кариерата во август 2019 година по краткиот период во јапонскиот Саган Тосу. Инаку тој е легенда на шпанскиот фудбал со две европски и една светска титула со репрезентацијата, а претходно играше за Атлетико, Ливерпул, Челзи и Милан.
Fernando Torres is set to announce his return to football soon..
👀👀👀 pic.twitter.com/OgDzekFqUZ
— Footy Accumulators (@FootyAccums) May 25, 2021