Дочека Карим Бензема повторно да биде дел од репрезентацијата на Франција. По грст проблеми кои беа поврзани со него, и со неговиот настап за репрезентацијата селекторот Дидие Дешамп конечно се реши да го повика повторно во националниот тим.
Играчот на Реал Мадрид денеска повторно се најде во базата на репрезентацијата за прв пат по 2015 година. Самиот Бензема изјави дека едвај чека повторно да заигра за националниот тим и дека нема никаков проблем со никого иако медиумите сакаат така да претстават.