Без победник на на дербито на 12. коло во плеј-офот меѓу Бутел Скопје и Т.Пролет (26-26). Домашниот состав пред крајот се чинеше дека е далеку од реми, но ја искористи својата шанса и дојде до голем бод. По ова коло, Т.Пролет има 19 бода, два повеќе од Металург, па се чини веќе е повеќе од блиску од потврда на третото место на табелата.
Гостите успеаја да го скршат отпорот на домашните ракометари некаде во 21. минута, имаа водство од 9-12. Сепак „бутелци“ успеаја да се вратат, на полувремето беше 13-13. Неизвесната битка продолжи и по одморот, со голот на Пејовиќ, гостите дојдоа на плус два (21-23) во 50. минута.
Бутел од втора успеа да израмни, Јефтиќ погоди за 26-26 на 38. секунди до крајот. Т.Пролет не успеа да погоди за победа, па мораше на крајот да биде задоволен со бод.
Трифковиќ реализира шест гола, пет постигна Младеновски, а по четири имаа Мојсовски и Јефтиќ. Кај Пролет, најефикасни беа двајца – Потиќ и Пејовиќ со по шест гола, пет имаше Пецаковски, додека Аларов застана на четири гола.
Е.ПЕЛИСТЕР, ВАРДАР И ОХИРД СПОРЕД ПЛАНОТ
Металург не приреди изненадување на гостувањето кај Е.Пелистер, беше поразен со 34-24. Битолчани со серија од 8-0 за (18-10) го решија името на победникот на оваа средба. До крајот избраниците на Жељко Бабиќ без проблем го приведоа мечот и дојдоа до нови бодови.
Периќ со девет гола го предводеше својот тим, на другата страна Калуѓеровиќ постигна исто толку погодоци.
Фаворитската улога ја оправда и Вардар, кај Струга славеше со убедливи 22-32 и продолжи да чекори кон титулата. И тука се беше познато по првото полувреме. „Црвено-црните“ имаа водство од пет гола (10-15).
Струга беше без странците во својот состав, а главен на теренот кај победникот беше Димитриоски со 11 гола. На другата страна Крстаноски и Пројкоски имаа по шест погодоци.
Охрид не дозволи изненадување, беше подобар од Е.Пелистер 2 со 24-21.