Велкоски: Сега одам на собир на репрезентацијата, па ќе разговарам со управата на Сараево

418

Сараево попладнево стигна до трофејот во Купот на БиХ, а еден од најзаслужните за успехот беше и нашиот репрезентативец Крсте Велкоски, кој имаше одлична реализација во пенал-серијата.

Капитенот на тимот по мечот зборуваше и за финалето, но и за својата иднина во сараевскиот тим.

„Одигравме добра партија, влоговите беа големи, така што средбата беше таква и на двете страни. Поради сите проблеми, мислам дека ја спасивме сезоната. Одигравме еден добар натпревар и сега следува пауза“, рече Велкоски.

„Што се однесува до мене, одам на собирот на репрезентацијата за ЕУРО. За мојата иднина во Сараево, ќе разговарам со управата“, вели Велкоски за босанските медиуми.

ПретходноБаскет Кам поведе со 2:1 во финалето против Бадел
СледноГореше „Сантијаго Бернабеу“, пожарникарите брзо го згасиле пожарот (ВИДЕО)