Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, упати дополнителен повик за херојот на Тиквеш, Едиз Спахиу. По одличниот настап на младиот напаѓач на кавадарчани на вчерашниот бараж дуел против Силекс, во кој Тиквеш победи со 1:0 и се пласира во ПМФЛ, и тоа токму со голот на Спахиу, логично беше и Милевски да реагира.
Спахиу има 20 години, оваа зима од Гостивар дојде во Тиквеш, а за репрезентацијата на Македонија до 19 години веќе има настапи.
Да кажеме и тоа дека подготовките за пријателската средба со Словенија, која ќе се одигра на 3 јуни во Терме Чатеж, стартуваат денеска.