Елиф како Ален Ајверсон, „стара школа“ Работнички…. прв ден од подготовките на репрезентацијата

5567

Македонската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за претстојното Европско првенство. Вчера беше официјалниот собир, под водство на селекторот Игор Ангеловски, а веќе денеска по обавувањето на неизбежните ковид тестирања ќе се стартува и со тренинзите. Се уште се чека на комплетирање на ростерот, како на пример пристигнување на Горан Пандев и Стефан Ристовски но грото од репрезентативците се веќе во базата Хилтон.

Насмеани и ведри, а дел од нив и со нов стајлинг. Кој друг ако не Елиф Елмас, кој се појави со нова фризура, во стилот на некогашните НБА звезди од типот на Ален Ајверсон или Латрел Спривел. Таканаречените „плетенки“ се новиот имиџ на напаѓачот на Наполи.

Од друга страна пак, како во старите добри времиња од времето на младинската школа на Работнички, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Даниел Аврамовски повторно се заедно. Нераздвојни, а така и треба. Се знаат како дишат, а тоа е потребно во моментов. Заедништво, тимски дух и нормално пред се другарство, она што и не доведе до ова Европско првенство.

 

ПретходноБензема во репрезентативната база по шест години
СледноЦрвена Звезда го промовираше Драговиќ