Еуро Никел конечно го урна Работнички, се најде на победа до финале (ФОТО)

233

Еуро Никел за првпат сезонава успеа да го совлада Работнички и тоа во првата полуфинална пресметка. Кавадарчани на гостински терен славеа со 66-68 и поведоа со 1-0 во плеј-оф серија, нов триумф на следната средба во Гевгелија ќе значи пласман во финалето.

Рикиќ со 17 поени и 13 скока беше прв стрелец, 14 поени имаше Мијатовиќ, два помалку Дубински. Кај домашниот состав, Бундовиќ беше единствената светла точка со 21 поен.

Неверојатна трета четвртина одиграа кавдарачани, постигнаа 23 поени, наспроти Работнички кој снема муниција, реализира само осум поени, па во последните десет минути гостите влегоа со позитива од 36-56. Ова беше најголемо водство на избраниците на Горан Самарџиев на мечот.

Работнички имаше водство само во првата четвртина која ја доби со 15-12, а отвори со 6-1. Со серија од 6-0, кошаркарите на Еуро Никел поведоа со 15-20, до полувремето не го испуштија водството (28-30).

По ова следеше неверојатниот трет период. Работнички заигра подобро во последните десет минути, се разбуди во финишот, дојде на минус четири (62-66), па и на 64-66, но немаше доволно време за пресврт. Мијатовиќ погоди две слободни фрлања и стави печат на мечот.

Шанса за израмнување во серијата и за подобра игра, избраниците на Мираковски ќе имаат за два дена, доколку не ја подобрат играта ќе бидат елиминирани од битката за трофеј.

ПретходноКој ќе влета на местото на Јуве, Барса и Реал во ЛШ?
СледноЛЕ ФИНАЛЕ: СТАРТНИ СОСТАВИ – Кавани, Рашфорд и Гринвуд го напаѓаат Виљареал