Роналд Куман вчера имал состанок со челниците на Барселона и најверојатно ова лето ќе го напушти клубот.
Тој не ги оправда очекувањата во првата тренерска сезона во редовите на овој тим. Рано беше елиминиран од Лигата на шампионите, не ја освоиниту титулата во Ла Лига. Оваа сезона имаше и лош однос со неколку играчи меѓу кои и Луис Суарез, а го налути и Лионел Меси.
На вчерашниот состанок, како што тврди радио Каталонија, Лапорта му кажал на Куман дека во овој момент преговараат со други тренери. Ако не пронајдат не најдат замена, сигурно ќе остане. Тој неофицијално се согласил бидејќи и натаму сака да ја води Барселона.
Мадриска Марка пак тврди нешто поинаку односно три опции: раскинување на договорот, помала плата и или продолжување на актуелниот договор.