Клуб од Северна Ирска го достигна светскиот рекорд на Ренџерс

184

Глазгов Ренџерс неодамна се закити со 55-тата шампионска титула во Шкотска со што го подобри светскиот рекорд на фудбалски клуб со освоени трофеи во националниот шампионат. Но сега на нив им се приклучи и еден клуб од Северна Ирска. Се работи за Линфилд, клубот од Белфаст кој ја завери 55-тата шампионска титула на Северна Ирска и со тоа се рамо до рамо со славниот шкотски клуб на листата на рекордери.
Зад нив се Селтик (Шкотска) со 51. титула, па Пењарол (Уругвај) со 50 титули…

Линфилд го освои и Купот на Северна Ирска и тоа е 25-та двојна круна за овој клуб.

Линфилд е формиран во 1890 година, а Ренџерс во 1872 година.

ПретходноФернандо Торес се враќа на фудбалските терени!
СледноМЗТ Скопје патува повреден во Битола, традицијата на страната на Работнички