Конате во Ливерпул до крајот на неделава

195

Трансферот на Ибрахима Конате од Ред Бул Лајпциг во Ливерпул многу веројатно ќе се случи до крајот на неделава. Од Ливерпул се подготвени да ја платат откупната клаузула во договорот на играчот, што е 40 милиони евра. Според последните информации, играчот веќе ја поминал првата фаза од лекарските прегледи пред трансферот да стане официјален –  пишува „Фудбал инсајдер“.

Ливерпул сезонава имаше сериозни проблеми во одбраната по повредата на Вирџил Ван Дајк и меѓудругото затоа и не ги постигна резултатите кои ги посакуваше и планираше. Јирген Клоп беше принуден да направи многу експерименти, а зимата дури ги привлече Бен Дејвис и Кабак, кои сепак не ја донесоа потребната стабилност. 

Затоа клубот е решен да донесе сериозно стоперско име кое ќе ги реши проблемите, а одлуката очигледно падна на Конате.

 

ПретходноГазета Дело Спорт: Конте и Интер ќе се разделат
СледноОфицијално: Паратичи си замина од Јувентус