Серијата од седум победи во низа, Нант ја прекина на домашен терен. Ст.Рафаел е тимот кој успеа да најде лек за Кирил Лазаров и неговите соиграчи, го совлада со 27-32 во рамките на 21. коло во францускиот шампионат.
Гостите го отворија мечот со 3-7, но Нант не успеа да се врати на одморот имаше негатива од четири гола (12-16). Гостите беа доста упорни, иако вториот дел го добија со минимални 15-16, сепак тоа беше доволно за да дојде до целиот плен на теренот против едниот од двата учесници на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони.
Лазаров мечот го заврши со три гола од пет обиди, еден постигна од седум метри.
Со овој пораз не е загрозено третото место на Нант на табелата, до крајот во овој шампионат има уште три кола.