Македонија се тресе за Барди, двајца позитивни во Леванте

991

Македонската фудбалска репрезентација денеска почнува со подготовките за историскиот настап на ЕУРО 2021. На стартот селекторот, Игор Ангеловски нема да смета на Горан Пандев и Аријан Адеми, кои добија дополнителен одмор, а подоцна ќе се приклучи и Стефан Ристовски.

Во меѓувреме пред стартот на тренинзите, од Шпанија дојдоа загрижувачки вести. Двајцата фудбалери на Леванте, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди се позитивни на Ковид-19. Засега не се откриваат имињата.

Нашите момци треба наскоро да ги добијат резултатите од Ковид-тестовите, се надеваме дека со Барди се е во најдобар ред и тој ќе биде во стројот од стартот на мисијата – ЕУРО 2021.

ПретходноОд Шкупи ќе направиме македонски фудбалски бренд
СледноКлопчето почнува да се одмотува, Битола и Скопје во центарот на вниманието!