МЗТ Скопје патува повреден во Битола, традицијата на страната на Работнички

336

Работнички, Еуро Никел, МЗТ Скопје и Пелистер се четирите тима кои обезбедија место во полуфиналето во плеј-офот. Денеска истите ја почнуваат битката за последната фаза од битката за титулата.

Битолчани и тимот од Аеродром први ќе истрчаат на терен, дуелот е закажан со почеток во 16 часот. Пелистер до крајот на сезоната нема да смета на својот стратег Марјан Илиевски, а новиот Небојша Видиќ имаше кратко време за запознавање со момците. На другата страна во составот на Дарко Радуловиќ ќе го нема Карачиќ, а на повреди се пожалиле Крстевски и капитенот Стојановски.

Во меѓусебните пресметки се 1-1, Пелистер беше подобар на свој терен, додека на втората средба МЗТ славеше во Скопје, и двата меча завршија тесно.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Работнички и Еуро Никел. Најтрофејниот е домаќин на првата пресметка (18 часот). Сите три дуели (еден во Купот на Македонија) оваа сезона завршија во корист на избраниците на Димитар Мираковски, но кавадарчани многу пати се покажаа како незгоден тим, без близу до триумфот. Токму затоа полуфиналето треба да донесе интересна битка.

Во финалето ќе стигнат екипите кои први ќе дојдат до две победи.

ПретходноКлуб од Северна Ирска го достигна светскиот рекорд на Ренџерс
СледноЈунајтед по вториот, а Виљарел по првиот трофеј во Лига Европа