Македонската фудбалска репрезентација попладнево на тренинг центарот на ФФМ ја започна мисијата „Еуро 2020“. Под водство на селекторот Игор Ангеловски, нашите репрезентативци почнаа со подготовки за она што не чека на дебитантскиот настап на континенталниот собир.
За жал без Енис Барди кој е во изолација поради позитивен PCR тест на Ковид-19, останатите наши репрезентативци го одработија првиот тренинг.