Ништо од Фрајбург: Велковски уште една година во Ријека!

465

Се чини дека нема ништо, барем не ова лето, од можниот трансфер на Дарко Велковски во Бундеслигата, во тимот на Фрајбург. Имено како што пренесуваат медиумите во Хрватска, челниците на Ријека и Дарко Велковски се договориле соработката да потрае барем уште една година. Потпишан е нов договор, откако сегашниот му истекува на 15 јуни.

Значи Дарко Велковски ќе игра за Ријека барем уште една година. Од таборот на некогашниот хрватски шампион се надеваат дека македонскиот репрезентативец во иднина нема да биде толкав малер и дека помалку ќе се повредува.

Инаку Велковски во Ријека дојде во летото 2018 година, откако претходно блескаше во Вардар, а во Работнички си се промовира како еден од нашите најголеми таленти во тоа време.

Беше дел и од младата репрезентација на Македонија која настапи на ЕП во Полска 2017 година.

Велковски на 31 март на гостувањето кај Германија, кога Македонија победи со 2:1 го одигра мечот на кариерата.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Покрената „дисциплинска“ против основачите на Суперлигата
СледноФинале на ЛЕ: Четирите меѓусебни дуели завршија 0:0, се надеваме дека вечер нема да биде така