Во стилот на светските фудбалски велесили кои своите новитети со јавноста ги споделуваат на најсовремен начин, ФК Шкупи денеска одлучи преку својот прв човек и спонзор на клубот, Ајдин Олгун да се пофали со плановита за во иднина. А такви ги има многу. Негова главна цел е од Шкупи да направи македонски фудбалски бренд кој ќе не претставува во Европа секоја сезона.
“Сакаме Шкупи да го подигнеме на едно сосема ново ниво. И кога станyва збор за инфраструктурата и кога станува збор за функционирањето. Отворени ќе бидеме за јавноста максимално и тоа ни е приоритет. Шкупи ќе функционира европски, такви ни се амбициите – шампионски. Веќе се движивме во таа насока продаваме играчи за милионски суми. Истото важи и за Гоце Седлоски како тренер. Го доведовме како освежување на клупата и презадоволен сум од соработката со него. Тој е доведен поради шампионските амбициии за следниот период и сакам да потенцирам дека во него Шкупи ја гледа иднината” истакна Олгун.
Запрашан околу тоа колку клубот планира да потроши годинава Олгун рече.
“Не е прашањето колку, туку како. Македонија малку инвестира во младински фудбал и тука е еден од главните причини зошто лошо се функционира. Но со правилен пристап и трошење на средства мислам дека Македонија може да го достигне и успехот на една Хрватска зошто да не” рече Олгун.