Официјално: Паратичи си замина од Јувентус

390
0

Со официјално соопштение, тимот на Јувентус објави дека Фабио Паратичи досегашниот директор за фудбалски прашања го напушта клубот.

Неговиот договор истече на крајот од тековнава сезона и истиот нема да биде продолжен.

„По единаесет години интензивна работа, победи и големи нешта на теренот но и вон него, Фабио Паратичи ќе го напушти Јувентус. Неговиот договор нема да биде продолжен, а ова е одлучено по состанокот кој беше обавен со претседателот на клубот Ањели“ – се вели во соопштението.

Паратичи во Јуве пристигна од Сампдорија и промени неколку позиции во клубот, а со својата способност и вештини стигна до самиот врв на раководната пирамида во Јувентус.

 

ПретходноКонате во Ливерпул до крајот на неделава
СледноТим и играч на сезона: Бесарт Ибраими, а, кој друг?