Нема да поминат неказнето. УЕФА покрена дело против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус кои откажаа да го напуштат проектот за создавање на европска Суперлига. На официјалниот сајт УЕФА соопшти дека е покрената дисциплинска процедура против трите клуба.
„По истрагата и анализата направена од инспекторите на Дисциплинската комисија и Комисијата по етика во врска со проектот „Суперлига“, започнати се дисциплински постапки против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради возможно нарушување на нормативните уредби на УЕФА“, пишува во соопштението.
Како што е познато во април 12 европски гиганти покренаа проект, наречен Суперлига и посакаат да се тргнат од УЕФА. По силна реакција на УЕФА како и навивачите, шесте англиски клубови Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем се откажаа, истото го направија и Интер, Милан и Атлетико.
Доследни останаа Барса, Реал и Јувентус. УЕФА најави финансиски санкции за сите кои се обидоа да „избегаат“ во новото натпреварување.