Тим и играч на сезона: Бесарт Ибраими, а, кој друг?

2273

Откако вчера, со баражите за пласман во ПМФЛ, и официјално заврши сезоната 2020/21 во нашата елитна лига, по традиција СПОРТМЕДИА ги одбра тимот и играчот на сезоната.

Зарем треба да се каже зошто Бесарт Ибраими е бр.1 и за оваа сезона? Одново најдобар стрелец со 24 голови, четврти пат во кариерата. Стигна до 171 голови во историјата во ПМФЛ. Најзаслужен што Шкендија одново е шампион. Од таборот на тетовци покрај него тука се и Егзон Бејтулаи, Антонио Павич и Арменд Алими. Дембо Дарбо беше нај, нај во есенскиот дел. Штета што си замина во зимскиот преоден рок, секако дека ќе му беше жестока конкуренција на Ибраими. Покрај Дарбо, од Шкупи тука се и Фреди Алварез и голманот Кристијан Наумовски.

Лука Станковски, мега – талентот на Работнички и мак – фудбалот имаше блескава сезона. Токму затоа и ќе оди во Италија. Омар Гоудиаби речиси сам на Пелистер му го донесе опстанокот, еден од најдобрите во пролетниот дел. Стрелец на неколку спектакуларни голови.

И се разбира мора да има некој од Струга Трим Лум, тимот кој заврши како трет. Пред се тука се дефанзивците Јасмин Мециновиќ и Клисман Цаке.

Ете, тоа е изборот на СПОРТМЕДИА.

ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА

БЕСАРТ ИБРАИМИ

Тим: Шкендија

Роден: 17.12.1986 во Кичево

Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис, Шкендија

 

ПретходноОфицијално: Паратичи си замина од Јувентус
СледноМрме до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!