Без победник по 90 минути игра во финалето на Лигата на Европа во Гдањск. Манчестер Ј. и Виљареал постигнаа по еден гол, за конечни 1:1 во регуларниот дел од мечот, по што продолженијата или пеналите ќе го дадат новиот освојувач на првиот европски трофеј сезонава.
Морено со голот во 29. минута ги донесе фудбалеритена Виљареал во водство од 1:0, а Кавани израмни во 55. минута за конечни 1:1. Ова е прво финале по 2014-тата во ЛЕ кое завршува нерешено и ќе мора да се одлучува со дополнителни минути игра.