Бруклин и Далас поведоа со 2:0, Лејкерс им изедначија на Санс

142

Во НБА се играат натпреварите од плеј-офот. Бруклин Нетс и Далас Маверикс направија убава предност од 2:0 и се во пол-позиција за следната фаза откако поведоа со 2:0 во сериите против Бостон Селтикс односно Лос Анџелес Клиперс.

Бруклин славеше со 130:108 на меч во кој тројца негови играчи постигнаа 20+ поени. Дурент реализираше 26, Харис 25, а Харден 20.

Далас ги победи Клиперс со 127:121. Ниту расположениот Леонард со 41 поен не можеше да ги извлече Клиперс до победата. Кај Далас Лука Дончиќ реализира 39 поени, а Хардавеј 28.

Лејкерс победија со 109:102 против Санс и изедначија на 1:1 во серијата. Најефикасен на мечот беше Дејвис од Лејкерс со 34 поени, а покрај него се истакна и Букер од Феникс со 31 поен.

ПретходноДополнителен повик за Спахиу во У-21 селекцијата на Македонија!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Покрената „дисциплинска“ против основачите на Суперлигата