Вечерва на стадионот „Енерга“ во Гдањск, Полска ќе биде доделен првиот од двата големи трофеја на УЕФА. Вечерва со почеток од 21:00 часот се игра финалето на Лига Европа во кое силите ќе ги одмерат шпанскиот Виљареал и англискиот Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед атакува на вториот трофеј во Лига Европа по оној што го освои во 2017 година по триумфот над Ајакс (2:0), додека Виљареал првпат во историјата е во едно финале на европски куп.
Инаку ова е трето финале на УЕФА помеѓу клубови од Шпанија и Англија, претходните ги добија Шпанците – Атлетико-Фулам 2:1 и Севиља-Ливерпул 3:1.
„Ова е голем натпревар за нас, можеби е отскочна даска за нешто поголемо во иднина. Оваа група на фудбалери е одлична, долго време работи заедно и време е да отиде чекор понапред“, изјави Солскјер.
Финале на ЛЕ: Четирите меѓусебни дуели завршија 0:0, се надеваме дека вечер нема да биде така
Јунајтед ќе биде без столбот во одбраната Хари Мегваер поради повреда, од исти причини ќе ги нема ни Антони Марсијал и Фил Џонс.
Кај Виљареал поради повреда отпадна Ибора, а неизвесни се Фојт и Чуквуезе.
За Јунајтед ова е и осмо финале во Европа што е втор англиски клуб во оваа категорија, по Ливерпул кој има 14 финалиња.