Челзи се подготвува за големото финале во ЛШ со Манчестер Сити, а од лондонскиот тим доаѓаат и позитивни вести за тренерот Тухел и за навивачите на тимот.
Имено, „Скај Спорт“ денеска потврди дека голманот Едуард Менди и играчот за врска Н’голо Канте, чие учество на оваа средба беше доведено во прашање поради здравствени проблеми, започнале да тренираат со тимот.
Претходно, Томас Тухел истакна дека доколку Менди не е подготвен, на голот ќе застане Кепа Аризабалага, но тоа не наиде на позитивен одек кај навивачите на тимот.