Глазгов Ренџерс неодамна се закити со 55-тата шампионска титула во Шкотска со што го подобри светскиот рекорд на фудбалски клуб со освоени трофеи во националниот шампионат. Но сега на нив им се приклучи и еден клуб од Северна Ирска. Се работи за Линфилд, клубот од Белфаст кој ја завери 55-тата шампионска титула на Северна Ирска и со тоа се рамо до рамо со славниот шкотски клуб на листата на рекордери.
Зад нив се Селтик (Шкотска) со 51. титула, па Пењарол (Уругвај) со 50 титули…
Линфилд го освои и Купот на Северна Ирска и тоа е 25-та двојна круна за овој клуб.
Линфилд е формиран во 1890 година, а Ренџерс во 1872 година.
Rangers FC and Linfield FC – joint world record 55th league title winners!!
5️⃣5️⃣🏆🔴⚪🔵 pic.twitter.com/aEgg5NrdN6
— Rangers FC & Linfield FC (@bluesbrothers86) May 25, 2021