Крај на соработката: Интер го испраќа Конте со седум милиони евра

305

Антонио Конте и официјално ги напушта редовите на Интер. Иако овој тим ја прекина доминацијата на Јувентус и го освои „Скудетото“, сепак челниците на клубот и стратегот ја прекинаа соработката.

Конте не може да се помири со фактот дека Интер ги продава играчите и покрај освојувањето на титулата, неговите размислувања се различни од оние на првите луѓе на клубот.

Интер на Конте ќе му исплати седум милиони евра за прекинот на соработката од вкупните 13,5 милиони евра кои му следеа за последната година од актуелниот договор.

Конте две години беше тренер на Интер, со кој освен титулата стигна и до финалето од Лига Европа.

Како први кандидати за неговото место се Алегри и Инзаги. Останува наскоро да биде познато името на новиот стратег на Интер.

ПретходноМициќ е МВП на сезоната во Евролига
СледноКој ќе влета на местото на Јуве, Барса и Реал во ЛШ?