Шокантни вести утринава доаѓаат од Италија. Според „Газета“, Антонио Конте по само две сезони минати на клупата на Интер, одлучил да си оди од клубот. Откако сезонава ја покори Италија, откако на Интер му го донесе 19-тото Скудето, Конте им кажал на челниците на клубот дека тоа е тоа.
“Газета“ најавува дека во рок од 48 часа самиот Конте, а и Интер, ќе ја објават веста дека. Исто така се напоменува дека првиот човек на клубот, Стивен Жанг се дал во потрага по нов тренер. Се споменува Макс Алегри, но тој е пред портите на Реал Мадри.
Ако си замине Конте, тогаш јасно е што значи тоа за Интер. По него ќе се заминат и најголемите ѕвезди на клубот.