Огнен Дојчиновски
Старите познавачи на спортските прилики ширум екс-Југославија добро се сеќаваат на спортскиот неделник „Темпо“. Не ретко во него ќе се најдеше и некој Македонец кој едноставно заслужил да го има. За да те има во Темпо мораше да заслужиш. Заслужија своевремено најдобрите фудбалери на прилепска Победа, Дарко Крстески и Благоја Ѓеоргиевски кој направија во деведесетите години од минатиот век трансфер во големата Црвена Звезда. И „бум“. На насловна страница на Темпо обајцата прилепчани со изјава „Звезда зове само једном“. Тој повик од Звезда мораше да се заслужи на терен.
И Македонскиот селектор до 21. година, Благоја Милевски добро знае како е да те повика Звезда. Беше своевремено дел од овој голем клуб. Собирано интернационално искуство петнаесетина години, а исто толку им го пренесува гоа искуство и на младите фудбалери кај нас што на клупско што на репрезентативно ниво сега како тренер и селектор.
„Звезда зове само једном“, ама и селекторот Милевски селектира само еднаш. Или имаш репрезентативен калибар, или знаеш како да го носиш дресот на Македонија или не си тука. Во тек е селективниот камп за претојните квалификации, а на него се присутни четириесетина потенцијални репрезентативци. Дел од нив ќе заслужат дел не, за да дочекаат официјален меч за младата репрезентација на Македонија. Од нив зависи дали ќе ги искористат своите „пет“ минути што се вели и дали ќе бидат дел од септемвриските квалификации.
„Секој што заслужил ќе добие шанса. Тука нема дилеми. Дали ќе ја искористи зависи исклучиво од него. Мене не ме интересира кој од каде доаѓа во кој клуб игра. Мене ме интересира што тој играч конкретно може да и понуди на Македонската репрезентација, и дали е стопроцентно подготвен да и се стави комплетно во функција. Само така и никако поинаку“ – стои во секоја изјава на селекторот Милевски
Сурово, ама нема како поинаку. Професионалниот фудбал е тежок, ама се знае како се стигнува до успех. Се знае како се стигнува до Европско првенство, до слава до некогашното „Темпо“, синонимот за спортска сила, знаење, моќ. До Милевски е и Цапар. И тој добро се сеќава на Темпо, на старите добри времиња. „Стариот Звездаш“ Канатларовски скаутира од страна, следи, советува, тука е да помогне. И треба. Зошто на овие млади момци им е потребен секој совет, сечие мислење за да се изградат пред се како личности, а потоа и како репрезентативци кои со срце ќе го носат дресот на Македонија и со гордост ќе се помнат дека добиле шанса да ги бранат боите на дресот со националниот грб. Селективниот камп на У21 репрезентацијата добива нова димензија в сабота кога се игра меѓусебниот дуел на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 17:00 часот. Следува пријателскиот меч со Словенија на гостински терен на кој патуваат оние кои ќе остават најдобар впечаток.