Одбојкарите во Хелсинки ќе ја добијат групата за ЕП 2021

109

Македонската одбојкарска репрезентација, попладнево (17 ч.) во Хелсинки, ќе ги добие противниците на ЕП кое од 1 до 19 септемрви ќе се одржи во Полска, Финска, Чешка и Естонија.

По вторпат 24 репрезентации обезбедија место на завршниот континентален собир, по вторпат и репрезентацијата на Македонија е во кругот н најдобрите европски одбојкарски селекции. Покрај четирите селекции организатори на групите кои ќе бидат носители на една од четирите групи по 6 репрезентации, на завршницата на годинашното ЕП ќе играат и 8 селекции кои изборија директен пласман од минатото ЕП 2019 (Србија, Русија, Белгија, Италија, Франција, Словенија, Германија и Украина), како и 12 селекции кои на ЕП дојдоа преку квалификации (Холандија, Бугарија, Турција, Летонија, Словачка, Црна Гора, Португалија, Хрватска, Македонија, Шпнија, Грција и Белорусија).

Според процедурата за одредување на четирите групи, најпрво коорганизаторите ќе изберат по еден противник, по што преостанатите 16 национални тимови ќе бидат распределени во четири квалитативни садови врз база на рангирањето на ЦЕВ од почетокот на 2020. Од Македонија која е рангирана на 24 позиција на ЦЕВ, послаб рејтинг има само Хрватска, што значи дека нашата селекција ќе биде во последниот шешир.

ПретходноСилекс останува без целиот тим, веројатно заминува и Симов, во Европа ќе игра без странци!
СледноОпштина Кавадарци им додели благодарници на фудбалерите на ФК Тиквеш