Пешевски перфектен, Штутгарт падна кај „фенерџијата“

440

Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт запишаа изненадувачки пораз. Тимот на македонскиот репрезентативец беше поразен на гостувањето кај последнопласираниот Кобург со 28-26 во рамките на 31. коло во Бундес-лигата.

За Штутгарт, кој овој меч го загуби уште во првото полувреме (имаше негатива од 17-11) ова беше 17. пораз сезонава, со две ремија и 12 победи се наоѓа на 14. место на табелата.

Пешевски беше перфектен на оваа средба, постигна пет гола од исто толку обиди, но тоа не беше доволно за триумф.

ФОТО: Штутгарт

ПретходноАС: Реал Мадрид падна на доброто однесување на новиот тренер
СледноИ официјално: Македонија на 62-то место на ФИФА листата!