Голема, огромна чест приредена од страна на Претседателот на Република Македонија, господинот Стево Пендаровски кон папата Франциск за време на денешната посета на Ватикан.
Шефот на државата му подари дрес од Македонската фудбалска репрезентација на папата Франциск во чест на историскиот пласман на Македонија на Европското првенство.
“Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕУРО 2021 Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“ – се обрати претседателот Пендаровски на социјалните мрежи.
Во текот на денот ФФМ и официјално ќе ги промовира новите дресови со кои ќе настапите на Европскиот шампионат