Предмалку тимот на Реал Мадрид и официјално објави дека досегашниот тренер, Зинедин Зидан повеќе не е во клубот.
Оваа информација беше позната 24 часа претходно, но официјалната објава од страна на клубот стигна предмалку.
Во истото се вели дека Зидан е едно од најголемите имиња кои биле дел од клубот, но дека одлуката да си замине е негова и истата мора да се почитува.
Околу неговата замена сега врие од шпекулации, а едната од нив повеќе не е можна. Масимилиано Алегри заминува во Јуве, а Антонио Конте односно Раул Гонзалез остануваат како најсериозни кандидати.