ЖФК Каменица Саса е старо – нов шампион на Македонија

293

Откако беа одиграни 75% од мечевите во женскиот фудбалски шампионат на Македонија, ФФМ одлучи поради протоколите односно неизбежните ПЦР тестови, последните седум кола да не се доиграат и за шампион да биде прогласен лидерот на табелата ЖФК Каменица Саса.

Ова значи дека тимот од Каменица, под водство на Зоран Златковски ја одбрани титулата освоена минатата сезона, и дека и годинава ќе не претставува во Европа.

Шампионот на Македонија својот противник ќе го дознае на 21 јуни,кога е ждрепката, а првото коло е закажано за 28 јули.

 

ПретходноПодготовки за ЕП: Националите во жесток ритам…(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПретседателот Пендаровски му подари дрес од Македонија за ЕП на папата Франциск