Крајно непријатна, поточно шокантна беше вчерашната вест од таборот на нашата репрезентација дека ѕвездата на Леванте и еден од нашите најдобри фудбалери е позитивен на Ковид-19. Енис Барди во моментов е во изолација, го чека вториот тест и да се надеваме на добри вести.
За ова нашироко пишуваа поголемиот дел од спортските портали на Балканот, сите се сложуваат дека ова е голем удар за Македонија.
Сепак ние сме оптимисти, веруваме во Енис дека ќе заздрави до стартот на ЕП.
Убаво е што сите до еден во репрезентацијата му дадоа поддршка на својот соиграч и колега.
Не сакаме ниту да помислиме дека ќе играме на ЕУРО 2020 без Барди, без “бомбардерот“, без специјалистот за слободни удари.
Но…
Затоа се прашуваме, зарем можно е Барди да биде толку голем малер. Само да се потсетиме дека тој на неколку дена пред историскиот дуел во Тбилиси, против Грузија на 12 ноември, се повреди и не беше дел од тој меч кој ние го добивме со 1:0, затоа сме сега на ЕУРО.