Легендарниот Французин му соопшти на раководството дека го напушта клуботи и неговата одлука е конечна.
Шпанските медиуми долго пишуваа за неговото заминување. Првиот човек на клубот, Флорентино Перез немал никакви шанси да ја промени неговата одлука.
Причината поради која Зидан се раздели со Реал Мадрид, е Перез и неговиот испад во јавноста минатата година. Тогаш првиот човек јавно кажа дека 48-годишниот тренер би бил отпуштен доколку тимот беше елиминиран во групната фаза во Лигата на шампиони. Зидан смета дека за вакви работи секогаш може да се збори во четири очи.
Како најголеми кандидати за местото на Зидан се Алегри, Конте и Гонзалез. Додека пак францускиот стручњак е поврзуван со Јувентус. Останува да видиме каде ќе ја продолжи својата кариера.