Интер вечерва ќе го објави Симоне Инзаги како нов тренер на тимот

231

Директорот на Интер, Бепе Марота, потврди дека тие „неофицијално ќе го обезбедат новиот тренер до крајот на оваа вечер“ откако скоро сите новинари и медиуми објавија дека Симоне Инзаги од Лацио ќе биде наследникот на Конте.

Клубот беше принуден да побара нов тренер откако Антонио Конте го раскина договорот во заедничка согласност на двете страни, само три дена откако го прослави Скудетото.

Инзаги е првиот избор,откако иако беше подготвен да го продолжи договорот со Лацио кој му истекува на 30 јуни, решил да не потпишува ништо и тоа се покажа како одлучувачко, бидејќи денес Интер му понудил двојно поголема плата (4 милиони евра, плус 1 милион евра бонуси по сезона).

Повеќе извори се уверени дека зделката е завршена и Инзаги ќе го преземе Интер.

Претходно„Боби зове само једном“…. (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПЛЕЈ-АУТ: Прилеп убедливо до нови бодови во битката за опстанок