Легендарниот напаѓач предупредува: Атмосферата во репрезентацијата на Австрија не е добра

391

Поранешниот репрезентативец на Австрија, Марк Јанко лоцираше голем број проблеми во редовите на првиот противник на Македонија на Евро 2020, фудбалската репрезентација на Австрија. На скоро три недели пред првиот натпревар на Европското првенство против Македонија, во интервју за „NÖN“, екс-голгетерот даде многу критики кон селекторот на Австрија, Франко Фода. Јанко вели дека атмосферата во репрезентацијат на Австрија е нарушена.

На прашањето што слушнал од неговите поранешни колеги во националниот тим, поранешниот австриски голгетер изјавил: „Слушам дека расположението не е добро. Од сопственото искуство знам дека ова е исклучително важна работа пред вакви настани. Таа нестабилност има потенцијал да експлодира во кое било време. Тоа не е добро“, вели Јанко.

Според него, „луѓето имаат чувство дека тимот може да покаже многу повеќе, отколку што може да го покаже тоа на теренот“. Тоа, вели Јанко, е резултат на тоа што Фода не дозволува да се игра на повисоко ниво, со поинаков пристап.

„Тоа е негов начин, и тој мора да се почитува. Тој има одговорност и мора да преземе одговорност за тоа“, вели екс-репрезентативецот на Австрија.

ПретходноЃоковиќ, Надал и Федерер ќе се „требат“ до финале на Ролан Гарос!
СледноЉафтов: Групата не е лесна, но ние ќе бидеме поискусни за едно ЕП