Милан го промовираше наследникот на Донарума (ФОТО)

256

Милан и официјално го потврди ангажманот на 25-годишниот голман Мајк Мањан, кој сезоната ја заврши во екипата на Лил.

Договорот за Мањан ќе важи до 30 јуни 2026 година. Во клубот од Милано, новиот голман ќе го носи дресот со број 16, а официјално ќе им се приклучи на „росонерите“ на 1 јули.

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини претходно потврди дека голманот Џанлуиџи Донарума ќе го напушти клубот како слободен играч во јули 2021 година, па новото засилување треба да биде негова адекватна замена следната сезона.

ПретходноЈокановиќ нов тренер на Шефилд Јунајтед
СледноЧелзи врати дел од билетите предвидени за финалето