ОФИЦИЈАЛНО: Македонија против Словенија со публика на „Арената“

923

Владата вечерва на седница донесе одлука пријателскиот фудбалски натпревар на Македонија со Словенија на 1 јуни да се игра со публика.
Македонските фанови ќе можат лично да ги испратат нашите најдобри фудбалери на ЕП во Романија и Холандија.

Владата дозволи присуство на навивачи и на двата контролни меча и тоа во границите на 30% од вкупниот капацитет на Националната Арена. Тоа значи дека по околу 10.200 гледачи ќе можат да присуствуваат на мечот со Словенија.

За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Владата.

Тоа ќе биде одлична шанса за нашите навивачи да им ја дадат својата голема поддршка на нашите херои кои во Букурешт и Амстердам ќе дебитираат со настапите на континенталните шампионати.

 

ПретходноПо 19 години Венеција се врати во Серија А!
СледноПаника во Барселона: Куман завршил во болница