ПЛЕЈ-АУТ: Прилеп убедливо до нови бодови во битката за опстанок

110

Прилеп дојде до нови три важни бодови во битката за опстанок во Супер-лигата. Избраниците на Горан Кузманоски на домашен терен го совладаа Астраион со убедливи 34-22 во рамките на 12. коло во плеј-аутот.

Домашните ракометари поведоа со 3-1, најголемата предност во првото полувреме беше четири гола (10-6, 16-12 и 17-13). Во вториот дел Прилеп со серија од 5-0 дојде на плус девет (27-18), на другата страна гостите беа немоќни, брзо го загубија здивот.

Бикоски со седум гола, Рустамов со шест и Манчески со пет погодоци беа најефикасни кај победникот. Ефтимов со шест и Стојанов со пет гола беа први стрелци на другата страна.

По ова коло, прилепчани имаат 24 бода, а дали ќе имаат предност пред КЛ7 ќе зависи од крајниот исход со Тиквеш, меч кој се игра во овој момент.

 

ПретходноИнтер вечерва ќе го објави Симоне Инзаги како нов тренер на тимот
СледноМанчестер Ј. ќе му понуди нов договор на Солскјер