Нема пардон на тренинзите на нашите најдобри фудбалери. Утринава се одржа вториот тренинг од стартот на подготовките за ЕУРО, и се тренираше во жесток ритам. Сите го даваа максимумот и тоа под будното око на струшќниот штаб. Капитенот Пандев допрва треба да се присклучи а се чекаат и добри вести за Енис Барди.
Од она што се гледа, нема сомневање дека Македонија максимално подготвена ќе го дочека првиот меч на ЕУРО против Австрија.