По триумфот на Виљареал во ЛЕ: Шпанија со пет екипи во Лигата на шампиони!

596

Во “лудото“ и незаборавно финале во Лигата на Европа, Виљареал успеа да го победи Манчестер Јунајтед на пенали, и тоа по серија од 22 удари од белата точка. И не само што овој тим успеа да го освои пехарот, туку успеа да се пласира во наредната сезона и во групната фаза во Лигата на Шампионите.

Тоа значи дека Шпанија во следната сезона во најелитното клупско натпреварување ќе има дури пет претставника.

Тоа се Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона, Севилја и Виљареал.

Ете, тоа се вика доминација на Ла Лига, Шпанска доминација.

Да кажеме дека годинашниот победник во Лигата на Европа, заврши дури на седмата позиција на табелата во штотуку завршената Ла Лига.

ФОТО: Виљареал/facebook

ПретходноФановите му фрлија пуканки, Вестбрук им се пушти (ВИДЕО)
СледноНишто од Алегри и Инзаги: Познат е наследникот на Конте