Реал Мадрид објави, Зинедин Зидан официјално си замина

201

Предмалку тимот на Реал Мадрид и официјално објави дека досегашниот тренер, Зинедин Зидан повеќе не е во клубот.

Оваа информација беше позната 24 часа претходно, но официјалната објава од страна на клубот стигна предмалку.

Во истото се вели дека Зидан е едно од најголемите имиња кои биле дел од клубот, но дека одлуката да си замине е негова и истата мора да се почитува.

Околу неговата замена сега врие од шпекулации, а едната од нив повеќе не е можна. Масимилиано Алегри заминува во Јуве, а Антонио Конте односно Раул Гонзалез остануваат како најсериозни кандидати.

 

ПретходноАлегри се враќа во Јувентус
СледноСилјановски се сели на Кипар, во преговори е со Докса!